Ќерката на Рис Вутерспун проговори за борбата со анксиозноста: Имате целосно право да се чувствувате како што сакате, дури и ако на другите им изгледа чудно

Ќерката на холивудската актерка Рис Витерспун, Ава Филип, неодамна ги изненади своите обожаватели признавајќи се за нејзината борба со анксиозноста.

„Се борев со анксиозноста онолку долго колку што се сеќавам, а таа беше особено интензивна во моето детство и тинејџерски години“, рече таа.

Многу луѓе потоа ја прашале како се справува со ова нарушување, а таа признала дека со текот на годините стекнала неколку корисни вештини кои и помагаат да се смири, пренесува E!News.

„Имате целосно право да се чувствувате како што сакате, дури и ако на другите им изгледа чудно. Ако сте строги кон себе нема да ви помогне да се чувствувате подобро, ниту да го решите проблемот. Исто така, погледнете што можете да наведете околу вас во тој момент – од вкусови, мириси или звуци“, сподели таа.

Сепак, таа призна дека сè уште се бори со некои лоши навики како фаќање на лицето.

„Од некоја причина е толку примамливо, но мислам дека станав подобра во смирувањето со текот на годините“, истакна 24-годишната Ава.

Scroll to Top