16-годишната ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер, не сака да ја споредуваат со нејзината позната мајка. Иако заради мајка ѝ добива бројни модни ангажмани и учествува на модни ревии на најпознатите светски дизајнери, Каја не сака да е „следната Синди Крафорд“, како што ја нарекуваат медиумите.
„Не негирам дека модата ми е во крвта, но јас не сум мајка ми. Ги слушам нејзините совети, ама секогаш решавам самата“, рекла таа.
Каја неодамна стана заштитно лице на рекламната кампања на Марк Џејкобс за парфемот „Дејзи“.