Ќерката на Том Круз во озлогласениот грчки камп на Лезбос

 

Холивудската актерка Кејти Холмс иако не е многу активна на Инстаграм, сепак реши да сподли семејни фотографии од својата ќерка Сури Круз додека си игра со децата во бегалскиот камп Морија во Грција.

Кејти и Сури поминале извесно време во кампот со децата и со нивните мајки. Кампот Морија е сместен на грчкиот остров Лезбос, а лани беше во сите медиуми претставен како место со страшни животни услови.

Пред сè, кампот е пренаселен. Има капацитет од 2.000, а во него живеат 9.000 бегалци. Приказните од кампот се страшни , како онаа на докторот од организацијата „Лекари без граници“, Деклан Бари, кој наведува дека силувањата се секојдневие , па дури и на петгодишни деца. И папата Франциско при неговата посета на Лезбос го спореди кампот со концентарационен логор.

Со оваа посета Кејти Холмс и нејзината ќерка сакаа повторно да се обрне внимание на нехуманите услови во кампот.

 

Scroll to Top