Американската актерка Џејд Пинкет Смит во своето неодамнешно интервју открила дека се шокирала кога дознала дека нејзината ќерка Вилоу (17) ги затекнала во кревет со сопругот.
„Ја прашав Вилоу кога за првпат се соочила со сексот, а таа ми одговори дека тоа било кога ме затекнала мене и Вил во спалната соба“, изјавила Џејд и додала дека на почетокот се шокирала и ситуацијата воопшто не ѝ била смешна.
Иако јавно проговорила за незгодната ситуација, Џејд признала дека Вил Смит засега не изјавил ништо во врска со тоа, но додала дека едвај чека да ја види неговата реакција.
„Сигурна сум дека ќе ме повика и ќе ме праша што по ѓаволите се случува“, низ смеа изјавила Џејд.