Кетлин Џенер ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија

Кетлин Џенер планира да се кандидира за гувернер на Калифорнија на следните избори, пренесоа американските медиуми. 71-годишната републиканка во јавноста е позната и како поранешна олимпијка и активистка за правата на трансродовите лица. Пред да го смени полот пред неколку години, таа беше во брак со Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан.

„Поднесов документи со кои ќе се кандидирам за гувернер на Калифорнија. Донирајте во мојата политичка кампања, за потоа заедно да направиме промени во државата. Калифорнија е мојот дом скоро 50 години. Дојдов овде затоа што знаев дека секој, без оглед на нивното потекло или станица во животот, може да ги претвори своите соништа во реалност. На Сакраменто му треба чесен водач со јасна визија“, стои во објавата на Кетлин Џенер.

Ова оаѓа во време кога републиканците и другите конзервативни активисти бараат да се смени гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, кој доаѓа од Демократската партија.

Scroll to Top