Кетлин Џенер ќе се венча со својата 47 години помлада девојка

By

Американските медиуми објавија дека Кетлин Џенер (69) и Софија Хачинс наскоро ќе се венчаат. Софија е 47 години помлада од Кетлин и е на иста возраст како и ќерката на Кетлин, Кендал Џенер. Тие се веќе две години во врска.

Поранешниот олимпиец Брус Џенер пред неколку години го смени полот и името и стана Кетлин. Софија е, исто така, трансродово лице.

Пред Кетлин да го смени својот пол во 2015 година, како Брус се ожени со Кристи Краунвер во 1972 година, со Линда Томпсон се венча во 1981 година, а со Крис Џенер во 1991 година. Вкупно има шест деца – со секоја поранешна сопруга по две, а очув им е на Кортни, Ким, Клои и на Роб Кардашјан.

Ќе ви се допадне