Кетлин Џенер викала во ресторан затоа што одбиле да ја услужат

Американската ѕвезда Кетлин Џенер викала во ресторан затоа што персоналот одбил да ја услужи. Американските медиумите пренесуваат дека келнерите одбиле да ја послужат затоа што се појавила со искинати фармерки.

„Засрамете се. Одвратно. Со децении сум ваш покровител. Повеќе нема. Да ви ја е**м вашата услуга затоа што не ми дозволивте да ручам затоа што носев фармерки со мала дупка“, рече Џенер.

Џенер смета дека тоа што не ја услужиле, можеби е поврзано со проблемите кои хотелот каде бил ресторанот и неговата компанија The Dorchester Collection претходно ги имале со ЛГБТ заедницата. Портпаролот на хотелот одговорил дека гостите прво треба да ја проверат нивната политика на облекување која е наведена на веб-страната и е достапна за секој гостин кој прави резервација кај нив.

Scroll to Top