Актерската двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се појавија во Монако на трката во Формула 1. Светските медиуми нивното појавување на француската ревиера го коментираат како вториот меден месец.
Додека некои медиуми пренесуваат дека ова може да биде и нивниот прв меден месец, бидејќи откако се венчале во хотелот Плаза во Њујорк пред 23 години, поради снимањето на филмот „Сообраќај“ и нивниот четиримесечен син Дилан, го одложиле заминувањето на меден месец.
Парот во Монако се држеле за рака, додека се криеле зад очилата за сонце, и изгледале среќно.
Мајкл Даглас откако доби „Златна палма“ за животно дело во Кан, со сопругата заминаа за Монако.
Актерот во 1999 година ја побара за жена Кетрин Зета Џонс со десеткратен дијамант опкружен со 28 помали дијаманти, во вредност од околу 335.000 фунти. Тие се свршија во декември 1999 година, а се венчаа една година подоцна, а на почетокот на август 2000 година го добија синот Дилан, додека на крајот на април 2003 година ја добија ќерката Керис.
Нивниот син е актер во подем, додека нивната ќерка, ликот која личи на нејзината мајка, почна да гради кариера како музичар. Во Кан, таа неодамна позираше со родителите на црвениот тепих.