Кога 48-годишната актерка се појави на доделувањето на ФИФА-наградите во Лондон, сите што беа околу неа занемеа. Актерката воопшто не личеше на себе.
Иако се појави во проѕирен фустан со огромен рез, под кој не носеше градник, сите гледаа само во нејзиното лице.
А Кетрин Зита-Џонс навистина беше непрепознатлива и сите се прашуваа што навистина ѝ се случило. Дали претерала со ботоксот или е нешто друго во прашање за ваквата драстична промена.