Познатиот актер Кевин Костнер го доби случајот против неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер, но и призна дека сè уште ја сака.
Кристин барала значително поголема сума за издржување на нивните три деца.
Имено, на Кристин првично и била понудена алиментација од 129.000 долари, но таа не ја сметала за доволна и како што напиша „Њујорк пост“ побарала сумата да се зголеми на 175.000 долари месечно. Таа како главна причина навела дека сака децата да можат да уживаат во истиот луксуз кога се со неа, како кога се со татко им.
Меѓутоа, како што сега објави ТМЗ, Кристин подоцна се согласила да ја намали сумата што ја бара и ја променила на 161.592 долари. Сепак, судијата од Лос Анџелес во петокот одлучи да ги одобри предложените 63.209 долари месечно алиментација на актерот за неговата поранешна сопруга.
По оваа одлука се огласи и Костнер.
„Страшно е да се биде овде, но тука сме. Чувството е толку лошо. Зборуваме за некој што го сакам кој е на другата страна. Едноставно не можам“, изјавил Кевин Костнер за „Аксес Холивуд“ за судењето.
На прашањето дали сè уште ја сака поранешната сопруга, актерот рекол: „Секако“.