Кевин Смит имал срцев удар

Познатиот американски комичар, режисер, глумец и сценарист Кевин Смит (47)  објави на „Фејсбук“ дека вчера, меѓу два негови настапа во Глендејл, Калифорнија, преживеал срцев удар.

Тој истакна и дека уште на настапот му се слошило.

– Имав тежок срцев удар… Морав да го откажам вториот настап и да одам во болница, додава тој во објавата.

Комичарот е најпознат по улогата на „Тивкиот Боб“ во филмот „Приправници“ и неговите продолженија.

Тој цел живот се бори со прекумерна тежина, а во еден дел од животот имал и 180 килограми.

Scroll to Top