Кевин Спејси избегна судење, почина една од неговите наводни жртви

By

Глумецот Кевин Спејси избегна судење затоа што една од неговите наводни жртви почина. Анонимениот масер го пријавил Спејси во 2016 година за сексуално злоставување. Поради неговата смрт случајот е повлечен од судот. Покојниот масер го тужел Спејси за вознемирување и дека го присилил на орален секс.

Тој бил само една од жртвите кои го пријавиле Спејси за време на движењето #MeToo, кое завладеа во Холивуд пред неколку години. Во октомври 2017 година, глумецот Ентони Реп исто така го пријави Спејси за сексуално вознемирување. Реп истапка дека Спејси се обидел да го заведе во 1986 година кога имал само 14 години.

Спејси тогаш имал 26 години и се бранел дека не се сеќава на инцидентот затоа што бил премногу пијан. Во тие момент глумецот за прв пат призна дека е геј.

Подоцна излегоа уште неколку обвиненија во јавноста. Беа направени истраги кои резултираа со судски постапки. Некои од нив завршија неуспешно, а сега Скотланд Јард, повторно го сомничи Спејси за шест различни случаи за сексуално злоставување.

Глумецот живеел во Лондон во периодот меѓу 2003 и 2015 година. Таму работел како директор во театар. Претставници од театарот објавиле дека до нив стигнале 20 пријави за вознемирување против Спејси, додека работел како директор. Глумецот ги негирал сите обвиненија.

 

 

Ќе ви се допадне