Кевин Спејси: По обвинувањата останав без никој и ништо

Оскаровецот Кевин Спејси (60) за време на гостувањето во поткастот Bitts & Perelles зборуваше за својот живот и што сè тој преживеал по обвинувањата за сексуални напади. Вели дека неговиот живот целосно се променил во рок од само неколку часа.

„Мислам дека нема никој да биде изненаден ако кажам дека мојот свет целосно се промени таа есен 2017 година. Мојата работа, многу мои односи, мојата позиција во филмската индустрија, сето тоа исчезна во рок од само неколку часа“, изјави Спејси.

Глумецот се поистоветувал со луѓето кои останале без работа за време на пандемијата со коронавирусот.

„Не сакам често да зборувам и да им кажувам на луѓето дека сочувствувам со нив, затоа што мислам дека секој на различен начин ги доживува некои од ситуациите. Но, во овој случај, можат да се поистоветам со оние за кои светот запре и кои останаа без работа поради коронавирусот. Мене тоа ми се случи од други причини, но мислам дека емотивно, борбата е иста“, вели Спејси.

Обвинувањата за сексуална злоупотреба влијаеја на неговиот деловен живот. Компанијата „Нетфликс“, на ко0ај се прикажува серијата „Куќа од карти“, во која Спејси беше главниот глумец, ја прекина соработката со него.

 

Scroll to Top