Кевин Спејси рече дека бил унишетн од обвинувањата за сексуални напади

Актерот Кевин Спејси пред судот во Лондон во четвртокот рече дека бил уништен по обвинувањата за сексуални престапи. Спејси се изјасни за невин по сите обвиненија, откако четворица тужители рекоа дека ги допирал агресивно, додека еден од нив рече дека бил принуден и на орален секс.

Обвинителите го нарекоа сексуален насилник. Неговиот адвокат Патрик Гибс, пред поротниците во четвртокот рече дека обвинителите се обиделе да направат злобен спин и дека ја измислиле приказната.

Спејси на прашањето за еден од тужителите, кој тврдел дека актерот постојано го носел на интимни места рече дека му се допаднал и дека убаво си поминале заедно.

„Многу се смеевме. Беше смешен, шармантен и флертувачки. Нашата врска со тек на времето стана донекаде сексуална“, рече Спејси но негираше дека имало агресивна или неконсензуална врска.

„Тоа не се случи на насилен, агресивен и болен начин. Беше нежно и трогателно и според мене беше романтично“, рече Спејси и додаде дека никогаш немавле секс затоа што јасно му ставил до знаење дека не сака да оди понатаму во врската. 

Scroll to Top