Киану Ривс тајно донира милиони долари за детски болници

Актерот Киану Ривс е еден од најхуманите луѓе во Холивуд, пишуваат американските медиуми. Тој последниве години донирал милиони долари за детски болници преку неговата хуманитарна фондација која финансира разни медицински истражувања и болниции.

Ривс не сака да зборува јавно за својата хуманитарна работа, а во едно дамнешно интервју изјавил дека ваквите потези на познатите се сметаат за рекламирање, па тој не сака да зборува јавно за тоа што го прави тоа. Ривс ја основал фондацијата во спомен на неговата сестра Ким, на која ѝ беше дијагностицирана леукемија во 1990-те години. Ова искуство дополнително го поттикна актерот да се занимава со добротворна работа.

Неодамна светските медиуми пишуваа за неговата врска со холивудската ѕвезда Хали Бери, со која глумеше во третпото продолжение на филмот „Џон Вик“, но никој од нив не ја потврди информацијата.

Scroll to Top