Кид Креол од хип–хоп групата „Грендмастер“ е осуден за убиство на бездомник

Кид Креол, еден од основачите на познатата хип-хоп група од 80-те години на минатиот век „Грендмастер Флеш енд Фјуриос Фај“ е осуден за убиство. Тој во 2017 година беше уапсен во Њујорк под обвинение за поврзаност со убиство на еден бездомник.

Пред четири години некаде околу полноќ тој го избодел со нож до смрт бездомникот Џон Џоли на Менхетен, пренесе The New York Times.

Полицијата соопшти дека Џоли (55) бил пронајден со неколку убодни рани во торзото. Тој инаку живеел во Дом за бездомници и бил сексуален престапник од втор степен.

Двајцата почнале да се расправаат на улицата, по што Керол му се доближил на Џоли и двапати го пробол, рекоа од обвинителството. Група туристи го нашле Џоли како лежи и го однеле во болница каде починал.

Од обвинителството соопштија дека Гловер по убиството се упатил неколку блокови подоле од местото на настанот и заминал на работа. Таму се пресоблекол и го исчистил ножот.

Околу 15 минути подоцна го напуштил работното место, влегол во метрото и го фрлил ножот во канализација во близина на станицата на метрото во Бронкс, каде што подоцна бил пронајден од полицијата. Гловер бил уапсен следниот ден.

Во моментот на апсењето, властите рекоа дека убиството било снимено од една безбедносна камера.

 

Scroll to Top