Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе го снимаат „Матрикс 4“

By

И официјално браќата Вачовски најавија дека ќе го снимаат четвртото продолжение на филмот „Матрикс“, пренесува „Гардијан“.

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос се враќаат на улогите Нео и Тринити, а сè уште не се знае кога филмот ќе излезе. Браќата Вачовски Лари и Енди ги режираа првите три дела, пред да го променат полот.

„Многу сум среќна што овие ликови ќе се вратат во мојот живот и благодарна сум за укажаната нова шанса и можност да работам со моите брилијантни пријатели“, изјавила Лана. Освена неа, сценариото за „Матрикс 4“, го пишуваа и Александар Хемон и Дејвид Мичел.

Првиот, оригинален „Матрикс“ се снимаше пред 20 години. Овој филм заработи 460 милиони долари. Франшизата од трите продолженија оствари вкупна заработка од 1,6 милијарди долари.

За новото продолжение се зборува поеќе од две години. Последниот „Матрикс“ е објавен во 2003 година. Вачовски од тогаш има сминено неколку филмви, но ниту еден од нив не го достигнаа успехот на оваа франшиза.

Во меѓувреме, Лана, претходно Лари, го промени полот. Ова ќе биде прв „Матрикс“, која ќе го продуцира како жена. И нејзината сестра Лили го промени полот. Претходно таа беше Енди.

 

Ќе ви се допадне

Watch Beastars 2nd Season Episode 1 at website https://animeflix.nl darling in the franxx animeflix

The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 2 at AnimeFreak animefreak attack on titan