Кијану Ривс: Јас сум осамен човек

Кијану Ривс важи за нетипична холивудска ѕвезда. Скромен и приземен, далеку од популистичките ПР-стандарди на Холивуд, присутен меѓу „обичниот” свет, миленик на глобалната публика.

Неодамна прифати еден исто така нетипичен предизвик за него, и тоа во модната индустрија, како заштитно лице на Ив Сен Лоран.

Деновиве, пак, предизвика коментари кај неговите фанови полни емпатија, по неговото интервју за „The Jakarta Post”, во кое меѓу другото за себе вели дека е осамен човек.

На прашањето во интервјуто: Што за Вас значи љубовта?, Кијану одговара:

-Мислите на романтична љубов? Знаете, јас сум осамен човек. Немам никого во мојот живот, во таа смисла. Но, ако ми се случи таква љубов, ќе ја почитувам и сакам таа личност. Се надевам ќе ми се случи…

По оваа негова изјава, на социјалните мрежи вирално се споделуваат коментари со охрабрувачки пораки, пред сè упатени на неговата големина како човек и неговата прекрасна личност.

Инаку, Ривс имал прилично тешко и несреќно детство. Татко му лежел во затвор поради трговија со дрога и го напуштил семејството кога Кијану имал само 3 години. Последен пат тој го видел својот татко кога имал 13 години. Мајка му повеќепати се премажувала, па него и неговите сестри ги одгледале баба му и дедо му, а најголемиот дел од животот го минал во Торонто.

Неговиот љубовен живот исто така му носи голема трагедија. Во 2001 година во сообраќајна несреќа ја изгубил неговата девојка Џенифер Саим, а две години пред тоа Кијану и Џенфер требало да станат родители, н,о за жал, бебето било мртвородено. Сите овие околности придонеле Кијану да помине и кризен перод на депресија.

Scroll to Top