Кијану Ривс: „Луѓето станаа зомби, не обрнуваат внимание на ништо“

Холивудскиот актер Кијану Ривс неодамна со корисниците на Фејсбук сподели важна животна лекција.

„Ги гледате ли овие луѓе зад мене? Брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме вовлечени во ритамот на секојдневието и забораваме да запреме и да издвоиме време за уживање во животот. Како да сме зомби“.

„Подигнете го погледот и извадете ги слушалките од уши. Кажете ‘Здраво’ на некој кој ќе го видите и прегрнете, некој кој изгледа потиштено. Помогнете на некого. Треба да живеете секој ден, како да ви е последен“.

„Она што луѓето не го знаат за мене, е дека патев од депресија пред неколку години. Никогаш на никого тоа не сум го споменал. Морав на свој начин да се изборам со тоа, загарантирано, така да – живејте за денес!“, напиша Ривс.

Овој пост доаѓа неколку недели откако актерот на социјалните мрежи, на Фејсбук, објави многу потресна порака:

„Повеќето луѓе ме знаат, но не ја знаат мојата приказна. Кога имав три години, гледав како мојот татко си заминува. Одев во четири различни средни школи и се борев со дислексија, поради што, школувањето ми беше потешко од повеќето луѓе. На крајот го напуштив школото без диплома. На 23 години, мојот најдобар пријател Ривер Феникс, почина од земање на прекумерна доза на дрога.

Ја запознав Џенифер Сим во 1998 година. Веднаш се заљубивме и следната година беше бремена со нашата ќеркичка. За жал, по осум месеци нашето дете беше родено мртво. Бевме емотивно скршени поради нејзината смрт и нашата врска набрзо заврши. 18 месеци подоцна, Џенифер загина во сообраќајна несреќа. Од тогаш избегнувам сериозни врски и деца.

Мојата помлада сестра имаше леукемија. Денеска е излечена, а јас донирав 70% од својата заработка од филмот „Матрикс“ на болниците во кои се лекува леукемијата. Иако сум тежок 100 милиони долари, и понатаму се возам со метри и уживам во тоа!

Така да, на крајот, мислам дека сите можеме убаво да се согласиме и дека дури и да и гледаме во лице на трагедијата, само исклучителни лица можат во тоа да успеат. Без оглед на тоа што се случува во вашиот живот, имате моќ тоа да го премостите! Животот е вреден за живеење“, напиша актерот.

Scroll to Top