Ким Кардашијан доби неизлечива болест поради строга диета

Ким Кардашијан открива дека три недели била на строга диета за да ослабе и да го облече фустанот на Мерелин Монро на овогодинешната Мет Гала. Диетата го даде посакуваниот резултат, но го чинеше нејзиното здравје, раскажала Кардашијан во инетрвју за „Allure“.

Реалити ѕвездата ослабе близу осум килограми и прошета на црвениот тепих во фустан од Боби Меки во Њујорк. Во едно интервју таа откри дека промената на исхраната довела до псоријатичен артритис. Ким пред диетата била вегетаријанска исхрана во која немало месо, а диетата вклучувала оброци со месо.

„Псоријазата ми се разгоре по целото тело и добив псоријатичен артритис. Не можев да ги движам рацете. Морав да посетам ревматолог кој ми даде терапија. Се исплашив и веднаш го исклучив месото од исхраната. Набрзо се се смири“, рече Ким.

Во исхраната на Кардашијан немало јаглени хидрати и шеќери. Иако се уште тврди дека диетата била успешна и дека целта е постигната, последиците по здравјето се уште постојат.

“Првиот пат кога го пробав фустанот не ми стоеше и им реков – дајте ми три недели и ќе го носам. Тоа беше предизвик, нешто како филмска улога. Бев решена да го носам. Не допрев јаглени хидрати и шеќери за тоа време. По Мет Галата, јадев сè, вклучително и крофни и пица“, изјавила Ким.

Симптомите на псоријатичен артритис обично се болни, отечени и груби зглобови, со појава на црвенило, на едната или на двете страни од телото. Потоа, отекување на прстите на рацете или нозете, болка во долниот дел на грбот, што ја отежнува подвижноста. 

Scroll to Top