Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан најави дека ќе ја затвори веб-продавницата на својот бренд за убавина, „ККВ бјути“. Таа им кажа на фановите да се збогуваат со палетата козметички производи на „ККВ бјути“, кој го основаше во 2017 година, бидејќи планира да ја формира линијата отпочеток, како целосно нов бренд. Тоа ќе го направи пфред крајот на годината.
„До нашите верни клиенти, сè започна со сет за контури се прошири на очи, усни, тело и многу неверојатни колекции во текот на изминатите четири години. На 1 август на полноќ ќе ја затвориме страницата KKWBeauty.com за да можеме да ви се вратиме со целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни,“ напиша таа.
Според најавата, Ким сака да развива производи со иновативни формули, а пакувањето на производите би било пософистицирано и одржливо.