Ким Кардашијан и Кање Вест добија четврто дете

Ријалити ѕвездата, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кање Вест добија и четврто дете со помош на сурогат мајка.

Ким и Кање имаа веќе три деца, ќерката Норт (5), синот Сејнт (3) и едногодишната Чикаго, добиена исто така со помош на сурогат мајка.

„Тој е тука и е совршен“, објави Ким на социјалните мрежи.

Ким уште во јануари потврди дека го очекува своето четврто дете кога се појави во емисијата “Погледни што се случува во живо”.

„Точно е! Поточно тоа го потврдив првпат кога бев пијана. Го славевме Божиќ, и Бадниковата вечер испив премногу и со сите ја споделив радосната вест„ кажа таа во емисија.

Scroll to Top