Ким Кардашијан и Силвестер Сталоне трошат премногу вода во време кога Калифорнија е погодена од суша, добија предупредување од надлежните

Ким Кардашијан и нејзиниот сосед Силвестер Сталоне добиле предупредување поради непрекинато кршење на рестрикциите за користење на водата во нивните домови, во време кога Калифорнија е погодена од суша, пренесе „Лос Анџелес Тајмс“ во понеделникот.

Строгите ограничувања на користењето на вода, наметнати во време кога западниот дел на САД се наоѓа во 23 години постојана суша, е на сила во деловите на јужна Калифорнија, вклучувајќи ги и добростоечките квартови Калабасас и Хиден Хилс.

Но, повеќе од 2000 жители во тие две гламурозни квартови, северно од Лос Анџелес, кој се познати по раскошните зелени тревници и огромните базени, продолжуваат да ги кршат ограничувањата, користејќи често огромни количини на вода.

Познатите ѕвезди Ким и Кортни Кардашијан во јуни се нашле на списокот на престапници, пренесоа медиумите, повикувајќи се на опомените до кои дошле преку Законот за јавни податоци.

Домот во Хиден Хилс и придружниот имот кој е во сопственост на фондацијата поврзана со Ким Кардашијан, го надминал дозволеното користење на вода. Исто така и имотот на сестра ѝ Кортни во близина на Калабасас. Силвестер Сталоне исто не бил внимателен со потрошувачката на вода во неговиот имот во Хиден Хилс.

Повторливите престапници првично плаќаат казна од неколку стотици долари, но, на богатите престапници, на кои не им е проблем да ги платат казните, може да им бидат намалени акциите на минимум.

Адвокатот на Сталоне за „Тајмс“ изјави дека извештајот може погрешно да ја карактеризира и погрешно да ја претстави ситуацијата на имотот, кој има околу 500 зрели дрвја, велејќи дека неговиот клиент инсталирал систем за наводнување, капка по капка и дозволил одредени области на тревникот да изумрат.

Меѓу другите имиња кои се спомнати во истрагата се и комичарот Кевин Харт и поранешната НБА ѕвезда Двејн Вејд. Покрај палмите, Лос Анџелес е познат и по бујните зелени тревници, кои често се одржувани со автоматски прскалки.

Жителите во овој дел од земјата, ги заменуваат своите тревници кои бараат многу вода со растенија карактеристични за пустинската област, а портпаролот на Лас Вирџинс Мајк МекНат рече дека се надева дека познатите треба да послужат како позитивен пример.

„Луѓето ве слушаат, луѓето ве гледаат, луѓето го ценат тоа што го правите. Потребно ни е да дејствувате, да бидете пример и лидери за да можат и другите да ве следат“, рече тој.

Scroll to Top