Ким Кардашијан употребила толку многу ботокс што сега речиси не може да ги движи мускулите на лицето, вели извор близок до старлетата. Нејзиниот пријател вели дека Ким изгубила целосна контрола над себе, поради опседнатоста со тоа да изгледа совршено.
„Ким има толку многу пари и е во состојба да ги испроба сите новитети на пластичната хирургија. Таа толку го обожава ботоксот, што го вбризгува одново и одново. Целосно има изгубено контрола. Сега не може да ги движи мускулите на лицето“, вели изворот.
Нејзиното семејство е загрижено за Ким, со оглед на тоа дека претерува во својата опсесија да изгледа совршено и како кукла.
„Таа додава сè повеќе ботокс и филери, а кога разговара со некого, едвај ја движи устата. Лицето ѝ е замрзнато. Сите околу неа забележуваат дека се претвора во жива кукла“, вели нејзиниот пријател.
Иако порано Ким била отворено и постојано закачувала фотографии и објави во врска со ботоксот и пластичните операции на социјалните мрежи, сега работите се имаат променето, вели изворот и наведува дека на Ким ѝ годи кога луѓето мислат дека сè што е на неа е природно.
Ким сака да остави впечаток дека нејзината убавина е природна, но истовремено сака да го сокрие фактот дека постојано има напраено пластични операции. На Ким не ѝ е важно дали некој мисли дека изгледа како пластична Барбика, но дури и нејзиното семејство кое е силен поддржувач на пластични операции мисли дека се отишло предалеку. Секој пат кога ботоксот ќе падне, таа почнува со нова тура.