Ким Кардашијан се срами од единствената песна која ја има снимено во животот

За разлика од 2011 година, кога настанала песната, Ким денеска нема поголеми промашувања во кариерата и бизнисот.

Старлетата одамна станала милионерка, баш како и целото нејзино семејство. Откако ја лансирала својата козметичка линија „KKW Beauty“, Ким заработила милиони за неколку минути. Таа во јуни 2017 година за помалку од три часа продала 300.000 од своите производи, а цената на едно парче била 48 долари!

Но, пред да престане да ги прави грешките во чекори, кога бизнисот е во прашање, Ким имала едно промашување од кое и самата се срами.

Се работи за песната „Jam“, која Ким ја снимила во 2011 година, а заработката од истата имала намера да ја даде за хуманитарни цели. Но, песната минала толку лошо, што Ким изјавила дека тоа и е најголемото промашување во нејзината кариера, а доказ за тоа е што по 7 години песната има само 9 милиони и 254.000 прегледи.

Scroll to Top