Ким Катрал не ги поднесува колешките од „Сексот и градот

By

Актерката Ким Катрал во интервју за Mail Online, изјавила дека го нема променето мислењето за тоа дека не сака да игра во некое од продолженијата на филмот „Сексот и градот“. Таа вели дека и понатаму чувствува дека има „токсични“ односи со некои од своите колешки во серијата.

Шеесетгодишната актерка во интервјуто открила за некои од нејзините идни планови кои ги има за нејзината кариера.

„Никогаш тоа повеќе не е за мене“, одговорила Катрал на прашањето за идејата да се појави во уште еден филм со своите познати другарки од Њујорк.

„Учиме лекции во животот, а мојата лекција е дека сакам да работам со добри луѓе и да се обидам да се забавувам“, додала Катрал.

 

Ќе ви се допадне