Ким Кардашијан ѝ отвори профил на „Тик-ток“, на нејзината најстара ќерка Норт, на кој веќе ја заследија над милион обожаватели. Тоа е нивен заеднички профил и таму Ким веќе објави нивни видеа.
„Јас и мојата најдобра пријателка“, рече Ким.
Најпопуларното видео им е видено повеќе од 10.7 милиони пати, а во него Ким и Норт ја пејат песната на Кети Пери, Hot ‘n’ cold. Профилот е ативен повеќе од еден ден, а на него Ким има објавено 30 видеа.
Покрај Ким и Норт, заеднички профил отвори и најстарата сестра на американската ѕвезда Кортни со нејзината ќерка Пенелопе. И нив ги следат повеќе од милион луѓе.
„Норт и Пенелопе се кралици на ‘Тик-ток’“ им напишаа обожавателите.
На истата мрежа популарен е и свршеникот на Кортни, Ландон Баркер, кој често снима видеа со Кортни и Тревис.