Кинеската актерка Фан Бинбинг казнета со 129 милиони долари за неплатен данок

Кинеските власти ѝ наредија на филмската ѕвезда Фан Бинбинг, која пред неколку месеци без објаснување исчезна од јавноста, да плати 129 милиони долари данок и казна за затајување данок, објави новинската агенција Xinhua.

Тамошните медиуми пренесуваат дека властите ја товареле 37-годишната актерка за затајување данок во индустријата на забава.

Бинбинг изненадувачки тајно исчезна од јавната сцена во јуни, за на крај да се утврди дека актерката била во домашен притвор. Бинбинг е позната по глумата во филмските франшизи X-Men и Iron Man и има повеќе од 62 милиони обожаватели на социјалната мрежа Weibo, позната и како кинески Твитер.

Кинеските медиуми пишуваат дека истрагата на кинеските даночни власти покажала дека Фан затајувала данок. На крајот на мај на кинеските социјални мрежи се појавил филмскиот договор што таа го потпишала. Според пишувањата на медиумите, актерката имала два различни договори. Еден службен, во кој пишувало дека е платена околу 1,5 милиони долари, и друг приватен според кој Фан добила 7,5 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

Cannes.

A post shared by Fan Bingbing 范冰冰 (@bingbing_fan) on

Станува збор за таканаречен јин-јанг договор, пракса што е добро позната во Кина, а тоа е облик на избегнување на плаќање данок каде првиот, помал договор се прикажува на државните служби, додека  вториот веќе се третира како неданочен доход.

Даночниот уред во источната покраина Јиангсу донел одлука да ѝ одреди казна од околу 86,78 милиони долари за избегнување данок и да утврди дека неплатените даноци се поголеми и од 41,93 милиони долари.

Во писмото објавено на нејзиниот службен профил на Wiebou, Фан вели дека во целост ја прифаќа ваквата одлука на властите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Bingbing 范冰冰 (@bingbing_fan) on

South China Morning Post денеска повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Фан е пуштена пред две недели од домашен притвор и дека се наоѓа во летувалиште во Јиангсу, место што властите го користат за спроведување истраги над должниците и од каде осомничените кои не платиле данок ги префрлаат во Пекинг на понатамошно испитување.

Кинеските власти од јуни го истражуваат избегнувањето на плаќање данови во својата филмска и телевизиска индустрија, по извештајот што го добиле за тоа дека некои од најславните кинески актери, меѓу кои е и Фан, се обвинети за потпишување јин-јанг договор.

 

Scroll to Top