Кира Најтли е бремена

Британската глумица Кира Најтли е бремена вторпат. Таа вчера се појави на забава на Шанел во коктел фустан под кој се гледаше нејзиниот труднички стомак. 34-годишната Кира дојде на забавата со сопругот, музичарот Џејмс Рајтон. Британските медиуми пишуваат дека Најтли ги изненадила со трудничкиот стомак, оти пред две недели била сликана на забава, но дека тогаш ништо не се гледало под нејзината гардероба.

Инаки, Кира и Џејмс се венчаа во 2013 година, а две години подоцна стана родители на момче, Еди.

„Тешко ми е да балансирам меѓу мајчинството и кариерата, ама среќна сум што можам да си дозволи бебиситерка. Ми треба дополнителна помош, одгледувањето дете не е лесна задача“, рекла Кира во интервју во јануари.

Scroll to Top