Кирк Даглас и Ен Бајденс – љубов за цел живот

По 64-години среќен брак, холивудската легенда Кирк Даглас (101) и неговата сопруга Ен Бајденс (99), и понатаму се неразделни. Забележани се како уживаат во прекрасен ден во Лос Анџелес, а не ги разделија ниту инвалидските колички.

Даглас е во брак со поранешната актерка и продуцентка уште од 1954 година. Тој во декември ќе наполни 102 години, но се труди и понатаму да биде активен.

Неговиот син, Мајкл Даглас, вели дека неговиот татко и понатаму вежба и има личен тренер.

„Се сеќавам дека татко ми на 90 години имаше тренер кој работеше со него цели 30 или 40 години, Мајк Абрамс. Кога еднаш го посетив татко ми, тој не се чувствуваше добро. Го прашав што не е во ред, а тој ми кажа дека Мајк починал. Мајк имаше 94 години“, вели  Мајкл Даглас.  Кирк Даглас е најпознат по улогите во филмовите Spartacus, како и во The final countdown, но и во уште многу други. Тој во својата богата кариера три пати освои „Оскар“, како и почесен „Оскар“ во 1996 година за животно дело, односно за креативен и морален придонес во филмската индустрија.

Scroll to Top