Кит Флинт се обесил, потврди обдукцијата

Обдукцијата на Кит Флинт, пејачот на „Продиџи“, покажала дека тој се обесил. Телото на пејачот беше пронајдено минатата недела во неговиот дом во руралниот дел на Есекс, пишува „Дејли мејл“.

„Тој е пронајден во несвест. Веднаш беше повикана брза помош и болничарите на местото на настанот утврдија дека тој починал. Беше повикана и полиција која потврди дека неговата смрт не е сомнителна. Лекарите за време на обдукцијата потврдија дека причината за смртта е бесење, а сè уште се чекаат наодите кои ќе покажат дали имало некои токсини во крвта”, изјавил експерт по судска медицина.

Според едиумите, Флинт се борел со тешка депресија и неговиот брак бил во криза, но според сведоци што го виделе еден ден пред неговата смрт, тој изгледал расположено. Само два дена пред неговата смрт Флинт е сликан како учествува во трка во која, наводно, го соборил и сопствениот рекорд.

Scroll to Top