Кит Харингтон, кој се прослави со улогата на Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“, се пријави на рехабилитација од алкохол и стрес, потврди неговиот портпарол, откако британските медиуми објавија дека заминал да се лекува.
„Кит одлучи да ја искористи паузата во својот распоред за работа како можност да се повлече некое време и да се справи со некои лични проблеми“, стои во соопштението.
Иако во соопштението не се откриваат причините зошто заминал на лекување, „Њујорк пост“ пишува дека актерот паднал во депресија по крајот на снимањето на популарната серија и дека е на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.
Престојот во центарот за рехабилитација каде што сега се наоѓа Кит чини околу 120.000 долари месечно. Таму корисниците учат како да се справат со стресот и негативните емоции, пишува „Дејли мејл“.