Ќерката на Ким Бесинџер разголена рекламира марихуана

Ајрланд Болдвин, ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер, учествува во реклама за марихуана на EATS, облечена во долна облека. 22-годишниот модел се фотографира во градник и црни бикини со жартиери, а нејзиното тело е покриено со чад.

Ајрланд претставува продукт за канабис до „Мед мен“, кој се продава во Калифорнија, Невада и во Њујорк.

Ова е марихуана за медицински цели и е легална во Калифорнија од 1996 година.

Од 2018 година медицинската марихуана е легална во 29 држави во САД, а рекреативната марихуана е законска во девет држави.

Ајрланд, која имаше проблеми со наркотична зависност во минатото, ги споделува и своите ставови за пушењето марихуана на „Инстаграм“откако сподели провокативен клип на страницата на социјалната мрежа минатата недела.

„Јас само ќе кажам еднаш – ја поддржувам марихуаната како лековита и медицинска помош која им помага на толку многу луѓе преку разни физички болки, но верувам дека треба да се користи умерено и одговорно. Во принцип, мислам дека канабисот што се пуши за задоволство е демо“.

Scroll to Top