Ќерката на новоизбраниот селектор на Шпанската фудбалска репрезентација, Фернарндо Јеро, Клаудија Руиз, даде голема поддршка за нејзиниот татко преку социјалните мрежи.
Поддршката стигна веднаш откако дознала дека поранешниот капитен на Реал Мадрид го превземал кормилото на „црвената фурија“.
Клаудија има 24 години, а уште на 11 годишна возраст сакала да биде фудбалерка како нејзиниот татко. Јеро беше алфа и омега во Реал Мадрид, но со време Клаудија се откажала од таа идеја и тргнала да ги остварува своите нови сништа.
Иако не се остварила низ фудбалот и спортот, тоа не ја спречило да стекне голема популарност.
Таа денеска има преку 19 илјади обожаватели на Инстаграм, а голем број од нив реагирале многу позитивно на нејзината емотивна порака со поддршка за нејзиниот татко. Јеро ќе има деликатна задача да го ублажи шокот на Лопетегија, кој два дена пред почетокот на Светското првенство си замина од местото селектор.
„Ќе фрлиме многу јајца, многу љубов за многу вистински фудбал! За Мундијалот и за цела Шпанија! Да живее мајката која те роди! Не е време за исправање на грешките, време е за промовирање на вистинските вредности. #VIVAESPANA“, напишала ќерката на легендата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација.
Фернандо Јери како играч има настапено 89 пати за репрезентацијата на Шпанија, за која постигнал 29 голови, што претставува фантастичен учинок за еден одбрамбен играч.
Репрезентацијата на Шпанија својот прв меч на Мундијалот го игра против репрезентацијата на Португалија на 15 јуни во Сочи, со почеток во 20 часот.