Кличко им се заблагодари на членовите на „Ред хот чили пеперс“ за поддршката на Украина

Украинскиот боксер Владимир Кличко, им се заблагодари на членовите од групата „Ред Хот Чили Пеперс“ за поддршката која ја дадоа за Украина во војната против Русија.

„Ги повиквуаме сите да направат сè што е во нивна моќ за да им помогнат на бегалците од Украина“, објавија тие на „Твитер“.

„Денес сме тука да ги поддржиме Украинските бегалци и да им ја дадеме целата потребна поддршка и помош која им е потребна. Сакаме да помогнеме да се соберат пари и да побараме од светските лидери и обичните граѓани да направат сè што можат и да им помогнат на бегалците. Не би барале нешто што не би направиле и ние самите. Сите треба да сме свесни и да придонесеме со љубов, пари и со сè што имаме“, рекоа тие.

Видеото го сподели и Кличко кој им се заблагодари за помошта, а и тој ги повика сите кои можат да им помогнат на неговите сонародници бегалци.

„Фала ви што ми го чувавте грбот низ целата моја боксерска кариера и сега што ги поддржувате украинските бегалци. Светот не може да престане да се грижи. Секоја поддршка е важна“, рече Кличко.

Scroll to Top