Клинт Иствуд не размислува за пензија, во новиот филм пак ќе јава на коњ

Холивудскиот глумец Клинт Иствуд и на 91 година не размислува на пензија. Тој го сними својот нов филм, Cry Macho, кој ќе биде објавен в петок. Иствуд е и режисер и го глуми главниот лик Мајк Мило, поранешниот шампион на родео.

„Овој филм требаше да биде снимен пред 40 години. Но, јас бев премногу млад за улогата кога можевме да го ангажираме Роберт Мичам, а јас да го режирам“, раскажа Иствуд што му рекол пред четири децении на тогашниот продуцент.

Новиот филм беше снимен на големо воодушевување на неговиот долгогодишен соработник и продуцент Тим Мур.

„Сите сакаат да го видат Клинт како каубој во седло. Нема јавано коњ уште од времето кога го снимаше Unforgiven. Првиот ден кога го снимавме на коњ, екипата беше воодушевена. Тоа беше посебен момент“, рече Мур.

Иствуд е повеќекратен оскаровец и светската слава ја стекна како глумец во вестерн-филмовите. Тој ги сними „За шака долари“ и „Добриот, лошиот и грдиот“. Иако во 2008 година по „Гран Торино“, објави дека се повлекува од глумата, ова му е трет пат повторно да снима.

Cry Macho в петок ќе почне да се прикажува во кината и на HBO Max. Мајк Мило (Иствуд) треба да патува во Мексико и да го пронајде и врати Рафа, синот на неговиот поранешен шеф, и попат да го научи да јава. Двајцата ќе се зближат на опасното патување назад кон Тексас.

Scroll to Top