Клинтон е силувач, а Вајнстин сакам да го претепаат до смрт

Славниот готвач Ентони Бордејн, кој минатиот месец изврши самоубиство во хотелска соба во Франција, своето последно интервју го дал на новинарката Марија Бастилјос, за нејзиниот неодамна покренат магазин „Попул“.

Бордејн, меѓу другото, го обвинил и Бил Клинтон говорејќи за обвинувањата за сексуално вознемирување на поранешниот американски претседател.

Ентони исто така ја обвинил и неговата сопруга Хилари, која ги уништила жените со кои Бил имал сексуални односи.

Бордејн, еден од најпознатите машки приврзаници на движењето #МеТоо, го нарекол поранешниот американски претседател Бил Клинтон сер*о и силувач, а изјавил дека би сакал да го види продуцентот Харви Вајнстин претепан до смрт во својата ќелија.

Тој истакнал дека Бил и Хилари Клинтон им плукнале во лице на сите жени кои излегле во јавност со обвинувањата на сметка на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

„Тој е многу шармантен човек, је**но е неверојатен. Хилари исто така. Кога си во соба со неа, ти мислиш дека е фина и забавна. Но, срамен е начинот на кој тие ги понижија и дисредитираа сите тие жени кои излегоа во јавност со вистината“, изјавил Бордејн.

За поранешниот американски претседател Клинтон, тој изјавил дека е „го**о, имагинарен, злоупотребувач, брутален, алчен и одвратен”.

Бордејн, кој бил во врска со италијанската актерка Азија Арџенто, една од првите жени кои го обвиниле Вајнстин за сексуална злоупотреба, ги коментирал и коментарите на Хилари Клинтон.

Набрзо откако жените почнале да ги изнесуваат обвинувањата, Хилари изјавила дека е вџашена и дека не знае што се случувало зад затворени врати.

Вајнстин бил домаќин на настанот и лично донирал пари на Клинтонови, откако таа првпат се кандидирала за сенатор во 1999 година. Бордејн нејзината реакција на „Твитер“ ја карактеризирал како срамна поради неискреноста и свртувањето на вниманието кон она што е важно.

Кога станува збор за самиот Харви Вајнстин, Бордејн изјавил дека би сакал да го види продуцентот претепан до смрт во својата ќелија.

Покрај тоа, како борец за женските права, тој опишал и како ја замислува смртта на Вајнстин.

„Тој е во бања. Изненадувачки добива мозочен удар и паѓа во кадата. Последните свесни моменти ги поминува барајќи по контактите на телефонот за да повика некого“, изјавил Бурден.

 

 

Scroll to Top