Клои Кардашјан, по раскинувањето со НБА-ѕвездата Тристан, сега љуби нов дечко, ги споила сестра ѝ Ким

Американската ѕвезда Клои Кардашјан има нов дечко кого го запознала преку сестра си Ким, открива извор за People. Тој рече дека врската им е уште во рана фаза, но дека Клои се чувствува многу добро покрај него. Ким Кардашјан ги запознала на вечера пред неколку недели.

Клои ги демантира шпекулациите дека станува збор за уште еден НБА-кошаркар и рече дека е среќна и дека некое време се фокусира на ќерка си и на себе.

Изворот откри дека таа поради ќерка си, во саботата отишла на семеен ручек со бившиот, НБА-ѕвездата Тристан Томспон. Според него, таа и Тристан ретко зборуваат и тоа само кога се работи за ќерката.

За потсетување, Томпсон во декември беше тужен од фитнес-тренерот Марали Николс затоа што не сакал да ѝ плати алиментација за синот Теа кого го добила по повеќемесечната афера додека беше во брак со Клои.

 

Scroll to Top