Клои Кардашјан избра необично име за ќеркичката

Клои Кардашјан, која неодамна се породи и доби ќеркичка со кошаркарот Тристан Томпсон, ќе ѝ го даде името True (Вистина).

Американските магазини пишуваат дека со ова Клои ја продолжува, па дури и надминува својата сестра, американската старлета Ким Кардашјан, во давањето необични имиња на своите најмили.

Таа ваквиот потег со обожавателите го открила на својот инстаграм-профил.

„Нашето мало девојче Вистина Томпсон во целост ни ги украде нашите срца и сите сме опиени од љубов“, напишала Клои, меѓу другото, и ја објавила фотографијата полна со балони, која има повеќе од 1,5 милион лајка.

Scroll to Top