Колевки од злато за децата на Бијонсе

Бијонсе и Џеј Зи на турнејата на која ќе одат заедно ќе ги понесат со себе и своите три деца.

Музичарите за шест месеци ќе имаат 36 концерти и од организаторите барале сè да биде на највисоко ниво.

„Близнаците ќе ги разгалат. Беј и Џеј за нив бараа колевки од 18-каратно злато со свилена постелнина“, раскажал пријател на славната двојка  додавајќи дека парите не се проблем за нив.

Освен луксузни колевки, пејачката барала температурата во гардеробата секогаш да биде 25 степени и полна со цвеќиња, а на располаќање морала да има и врвен готвач.

„Џеј сака во секој град на турнејата да има од неговиот омилен шампањ“, истакнал неименуваниот пријател.

Бијонсе и Џеј Зи исто така сакале и врвно обезбедување за своето семејство и барем четири дадилки бидејќи освен шестмесечните близнаци, ќе ја повеле и шестгодишната ќерка Блу Ајви.

Пријателот на музичката брачна двојка објаснил дека со нив на турнејата  ќе има обезбедување, фризери, шминкери и лични стилисти, а секој хотел ќе мора да им овозможи дополнително обезбедување.

Што се однесувало до Бијонсе и до Џеј Зи, тие ќе дале колку е потребно пари за нивните деца да бидат безбедни. Се проценува дека Бијонсе и Џеј Зи на оваа турнеја ќе заработат околу 198 милиони долари.

Scroll to Top