Колин Фарел е новиот Пингвин во „Бетмен“

By

Глумецот Колин Фарел ќе го глуми негативниот лик во филмот за Бетмен, Пингвинот. Ова го потврди режисерот Мет Ривс. Новиот филм под името „Одмазда“ во моментов се снима, а на „Твитер“ се појавија фотографи од сетот со ирскиот актер.

Покрај Колин, во филмот ќе глумат и Роберт Патинсон како Бетмен, Пол Дано како Ridler „Прашалникот“, Џон Туртуро како Карман Фалкон и Зое Кравиц како „Жената мачка“.

Филмот во кината ќе се појави на 25 јуни 2021 година.

Ќе ви се допадне