Комедија во која глуми Снуп Дог е најгледаниот филм на Нетфликс

Акционата комедија „Day Shift“ е најгледаниот филм на Нетфликс во последната недела. Гледачите од целиот свет во изминатите неколку дена поминаа повеќе од 63 милиони часови со главните ликови на новата комедија со Џејми Фокс и Снуп Дог во главните улоги.

Станува збор за акциона комедија во режија на Џеј Џеј Пери, со сценарио на Тајлер Тајс и Шеј Хатон. Ова е дебитантски филм на Пери.

Заплетот на филмот го следи Бад Јаблонски (Џејми Фокс), семеен човек чија работа некогаш била да лови вампири и да ги продава нивните заби. Откако ќе се најде во тешка животна ситуација, Јаблонски е принуден да се врати на старата работа. Во тоа му помага неговиот стар пријател Биг Џон Елиот, кој го игра Снуп Дог.

Гледачите му дадоа на „Day Shift“ оцена од 6,1 на IMDb, а филмските критичари беа поделени.

„Нема ништо изненадувачки за тоа каде оди овој филм, но клучот е како ќе стигне до таму. Фокс и Франко соработуваат исклучително добро. Благодарам Нетфликс, ова речиси го надополнува „The Grey man“ и  „6 Underground“, напиша критичарот Кери Дарлинг.

Scroll to Top