Кортни Кардашијан е во врска со тапанарот на Blink-182

Американската ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан е во врска со четири години постариот тапанар на групата Blink-182, Тревис Баркер.

Медиумите во САД досега ја поврзуваа Кортни со помлади од неа. Таа беше во врска со 14 години помладиот Јунес Бенџима, па имаше кратки љубовни авантури со 19 години помладиот Лука Сабат и со Дејвид Дурон. Овој пат се одлучи за Баркер, кој е четири години постар од неа.

Двојката била видена и снимена за време на една вечера во ресторан во Лос Анџелес. За потсетување, Кортни има 3 деца со Скот Дисик, со кого се раздели во 2015 година.

 

Scroll to Top