Откако се смири со 14-години помладиот манекен Јунис Бенџамин, Кортни Кардашијан (41) откри дека сака да роди уште едно дете. Таа на „Инстаграм“ објави слика во портокалов корсет, со малку заоблен стомак, па фановите веднаш коментираа дека е бремена и ѝ честитаа. Ријалити ѕвездата скоро никогаш не одговара на коментари, но овојпат напиша дека не е трудна, иако сака да има и четврто дете. Таа веќе има три вонбрачни деца, синовите Мејсон (10) и Рејн (5) и ќерката Пенелопи (7).
Иако многумина ја поддржаа нејзината одлука да роди дете, имаше и такви што коментираа дека е стара, но и дека три деца се доволно.
Најстарата сестра Кардашијан во моментов е во Италија со момчето, а нејзините три деца се во Америка кај нивниот татко, бизнисменот Скот Дисик.