Кортни Кокс загрижена за Анистон: Не му се враќај на Бред Пит

Кортни Кокс (53) била покрај својата пријателка Џенифер Анистон низ сите успеси и разочарувања во текот на годините. Сега, кога Џенифер се разведе од Џастин Теро, Кортни е тука да се погрижи да не се зближи повторно со Бред Пит.

„Кортни веднаш ѝ се јавила на Џенифер да ѝ каже да го остави Бред во минатото откако ги слушнала шпекулаците дека Анистон можеби планира да се смири со поранешниот сопруг“, кажал извор близок до Кортни за Hollywood Life. „Кортни беше покрај неа додека го поминуваше тешкиот период и со Бред и со Џастин. Исто така ѝ помагаше на Џенифер да ги надмине сите тешкотии во врските и е многу заштитнички настроена кон неа“.

Кортни Кокс ја предупредува Џенифер Анистон: Не му се враќај на Бред Пит!

„Кортни ја советуваше Џенифер дека е в ред да испие пијалак со Бред, но не веднаш да скокне во неговиот кревет затоа што поради него  поминала болен и тежок развод“, додал изворот. Грижата на Кортни за Џенифер можеби е со причина затоа што се шпекулира дека Џенифер и Бред секојдневно комуницираат откога таа се развела од Џастин.

Scroll to Top