Костимот на Бетмен ќе се најде на аукција

Костумот на Бетмен, кој Џорџ Клуни го носеше во филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година, ќе се најде на аукција на 22 и 23 јули, а почетната цена ќе биде 40.000 долари.

Ова би можел да биде најсмешниот костим во историјата на филмовите за суперхероите, поради нагласените пластични брадавици на него, пишува Variety.

Заедно со костимот купецот ќе добие капа со потпис на херојот, наметка во природна големина, туника со препознатливата икона на Бетмен и хулахопки, како и ракавици и чизми до колена кои ги носи овој суперхерој. Клуни не беше задоволен од изборот на овој костим и целиот филм.

„Беше тешко да глумам добро во овој филм. Потсетувајќи се сега, лесно ми е да да си речам дека беше навистина лош филм и дека лошо го одглумев Бетмен“, рече Клуни.

Костимографот на филмот „Бетмен засекогаш“ и „Бетмен и Робин“, Хозе Фернандез објасни како било одлучено на костимот да се најдат гумените брадавици.

Брадавиците беа една од оние работи кои ги додадов на оделото на Вол Килмер во филмот „Бетмен засекогаш“. За мене тоа не беше фетиш, повеќе беше како дел на римски оклоп, како Центурион. Во стриповите ликовите секогаш изгледале како голи со боја во спреј, сè беше до анатомијата, а јас сакам да ја форсирам токму неа. И така ги додадов брадавиците. Немав поим дека на крајот сите ќе се жалат на нив“, рече Фернандез во интервју за Mel Magazine.

Запрашан зошто мисли дека брадавиците се толку исмеани во филмот „Бетмен и Робин“, но, не и во филмот „Бетмен засекогаш“, тој рече: Па првиот пат тие беа мали. Беше суптилно. Но, во филмот „Бетмен и Робин“, Џоел Шумахер сакаше брадавици, па јас ѝ реков ајде да ги покажеме. Шумахер сакаше да се наострат. Тие беа заоблени и од надворешната и внатрешната страна. Сето тоа беше обележје на одделото на Бетмен“, рече Фернандез.

„Не сакав тоа да го направам, но шефот сакаше, па ги заоблиме брадавиците, па ги заостривме и сето тоа изгледаше смешно“, објасни Фернандез.

За потстеување, на аукцијата ќе се најдат и стапот кој го носеше Џим Кери во филмот „Бетмен засекогаш“, со почетна цена од 8000 долари, како и легендарното виолетово одело на Џек Николсон по почетна цена од 65.000 долари.

Scroll to Top