Кралицата Елизабета бара мијач на садови

На веб-страницата „Ројал хаусхолд“ пред неколку дена е објавен оглас дека е потребен мијач на садови во кујната на Бакингамската палата. Во огласот стои дека е потребен нов член на персоналот за да се обезбеди одлична услуга за кралското семејство. Годишната плата на оваа позиција изнесува 22 000 евра, а обезбедени се и оброци во палатата и 33 дена одмор.

Во огласот стои и дека искуството не е услов за добивање на работата, туку дека се бара тимски играч со иницијатива.

 

Scroll to Top