Кралицата Елизабета била подобра баба и прабаба отколку мајка, пишува во нејзината биографија

Пред 74 години британската кралица Елизабета се омажи за грчкиот принц Филип, нејзиниот трет братучед. Невестата тогаш имала 21 година, а младоженецот 26. Долгиот живот и владеење на британската кралица Елизабета Втора го одбележаа политичките кризи со кои таа мирно се справуваше, како и приватните работи во семејството. 

Елизабета почнала да се допишува со нејзиниот сопруг Филип, далечен роднина и поранешен принц на Грција и Данска, кога имала 13 години. Тие се запознале за време на Втората светска војна. Служел во британската морнарица. Кога војната завршила, Филип добил дозвола од кралот Џорџ Шести да ја  побара за сопруга идната кралица, а потоа се откажал од кралските титули во Грција и Данска и зел британско државјанство. Имаа четири деца – Чарлс, кој сега ја наследи како нов крал, и Ана, Едвард и Ендру. Кога го добија синот Чарлс, таа го оставала дома додека патувала со Филип. Тогаш мислела дека тоа е вообичаеното однесување на една мајка.

Чарлс, кој стана крал, е роден на 14 ноември 1948 година. Елизабет се чудела на убавите, долги прсти на Чарлс и го доела два месеца, додека не заболела од сипаници. Речиси една година подоцна Филип, тогаш офицер, бил испратен на Малта, а на кралицата ѝ било советувано дека престојот на тој европски остров не е погоден за малиот принц.

„Елизабет можеше да остане во Лондон со својот син, но наместо тоа избра да поминува што е можно повеќе време со својот  сопруг. Таа беше навикната на долгите отсуства на нејзините родители додека растеше, па нејзината одлука да го напушти Чарлс не беше чудна. Таа ангажираше професионални бебиситерки, како и нејзините родители, кои му правеле друштво на нивниот внук“, пишува во биографијата на кралицата.

Принцот Филип и кралицата го поминале Божиќ на Малта, додека Чарлс останал со баба му и дедо му, кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета, кралицата мајка, во замокот Сандрингам во Велика Британија.

Друг пример на нејзината студена врска со Чарлс се случила веднаш по неговиот трет роденден. Младиот принц ги сретнал своите родители со баба му и тетка му принцезата Маргарет на железничката станица откако се вратиле од посета на Америка.

„Иако го немаше видено синот повеќе од еден месец, кралицата побрза да ја бакне мајка си, а потоа едноставно се наведна и го бакна Чарлс во образот, пред да се сврти да ја бакне својата сестра Маргарет“, пишува во биографијата.

Идната британска кралица на прво место ја стави својата должност. Децата поголемиот дел од своето време го поминуваа во комплексот градинка со шест соби на вториот кат од Бакингемската палата.

Чарлс и неговата помлада сестра Ана се симнуваа долу по појадокот да си играат со своите родители, а потоа ги гледаа само на крајот од денот. Сепак, кралицата ја укина архаичната практика која бараше нејзините деца формално да се поклонат кога ќе влезат во просторијата каде што беше таа. Исто така, неделната средба со премиерот ја премести од 17:30 на 18:30 часот за да помине повеќе време со своите деца.

Пријателите, со дозвола на Чарлс, ја опишаа кралицата како не толку рамнодушна колку далечна. Но, кога принцот Ендру се роди во февруари 1960 година, кралицата беше многу посигурна на својата позиција.

Со доаѓањето на принцот Едвард во март 1964 година, семејството беше комплетирано. Кралицата потоа стана поопуштена и поконзистентна како мајка, а некои критичари сметаа дека таа премногу им се препушта на Ендрју и Едвард за да компензира што не поминува повеќе време со нејзините постари деца. Таа беше поблиска со своите помлади синови отколку со Чарлс и Ана, бидејќи можеше подобро да си го организира времето и затоа беше почесто со нив. Викерс се сеќава дека во училиштето во близина на замокот Виндзор често ја гледал кралицата како се држи за рака со принцот Едвард за време на прошетките. Според биографијата, кралицата била подобра баба и прабаба отколку мајка.

Во последниве години Чарлс се чинеше дека ги сфаќа жртвите што мајка му ги направила за монархијата. За време на прославата на платинскиот јубилеј во јуни 2022 година, тој се заблагодари на својата мајка за нејзиниот живот на несебична служба.

Чарлс зборуваше за неговата покојна мајка во своето прво јавно обраќање како крал по нејзината смрт, нарекувајќи ја нејзината смрт момент на најголема тага.

„Ние ѝ го должиме најискрениот долг што секое семејство може да ѝ го должи на својата мајка за нејзината љубов, наклонетост, водство, разбирање и пример“, рече тој за време на емотивниот говор.

Scroll to Top