Кралицата Елизабета и принцот Филип повеќе нема да живеат заедно

Кралицата Елизабета и принцот Филип нема повеќе да живеат заедно. Како што пренесува „Дејли Експрес“, принцот откако ќе го прослави својот 100. роденден на лето ,има намера да се пресели на неговата фарма која се наоѓа на кралскиот имот Сандрингам.

Двајцата досега живееа заедно во дворецот Виндзор. Сега кралицата ќе се пресели во Бакингемската палата, каде ќе ги пречекува угледните гости и големите државници.

Како што пренесуваат медиумите, не е необично кралската двојка да живее одвоено. Тие поголемиот дел од времето во бракот, го минале на различни локации. Многумина сметаат дека тоа е тајната на нивниот долг и успешен брак.

Откако се повлече од кралските должности во 2017 година, принцот Филип поголемиот дел од времето го минувал на својот имот во Сандригам, каде се грижел за својата фарма.

Извор од дворецот сега тврди дека тој преферира мирен живот на село и дека кралската палата не го привлекува повеќе.

Scroll to Top