Кралицата Елизабета II објавила оглас за работа во кралската палата

По заминувањето на Мелиса Тубати и Саманта Коен од позициите асистентки на Меган Маркл, британската кралица Елизабета II е во потрага по нов персонал. Кралицата наредила да се објави оглас за работа во кралската палата во Лондон.

Во огласот од кандидатите се бара да бидат проактивни и подготвени за нови предизвици. Сместувањето ќе им биде осигурано во кралската резиденција или дворецот Виндзор.

Работното време ќе биде пет дена во неделата, со можност за работа и преку викенд. Претходно искуство не е потребно, но само ако кандидатот е подготвен да биде подготвен за нови предизвици.

Потребно е да имаат добри организациски вештини и вештини за добро организирање на времето.

„Искуството за работа на местото куќна помошничка или гостопримство не е услов, но е пожелно. Повеќе сме заинтересирани за вашиот проактивен став и способност за добро прилагодување на новите предизвици. Вештините за добра организација, почитување на роковите и работната ефикасност нѝ се најавжни“, стои во огласот за работа.

Оние кои ќе имаат среќа да бидат избрани, ќе имаат можност да развијат свои вештини во рамки на практичната работа. Ќе имаат можност и да учествуваат на важни настани.

„Ќе се грижат за гостите и ќе се грижат настаните да минат во најдобар ред“, пишува во огласот.

Вработените во кралското семејство ќе добијат импресивни погодности кои вклучуваат живот во палатата и свој стан во неа.

Висината на платата не е позната, а рокот за испраќање на пријавите е до 1 јануари 2019 година.

Scroll to Top